2win800x200

Денови на Ростковски во Битола

Август 19, 2020

 

Во чест на рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кај споменикот Руски крст во Битола се одржа традиционалната манифестацијата „Денови на Ростковски“, која поради актуелната состојба со Ковид-19, годинава трае само еден ден.

Амбасадорот на Руската федерација во земјава Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на конзулатот на оваа земја, како и претставници на регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростовски“, кое воедно е и организатор на настанот, положија свежо цвеќе пред споменикот. Се одржа и панихида во чест на Ростковски. А.А. Ростовски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година. Убиен е во средината на илинденското востание на 8 август 1903 година.

Зачувувањето на споменот за Ростовски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, при тоа зајакнувајќи го пријателството и соработката, истакнаа амбасадорот Баздникин и градоначалничката Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани