2win800x200

Во Битола помина и вториот пик, постепено се смирува кризата-анализа на професорот Трајковски

Август 19, 2020

 

Деновиве во Битола е поминат и вториот пик и се движиме во насока на постепено смирување на кризата. Во градот  дефинитивно е сопрен експоненцијалниот (забрзан) раст на бројот на дијагностицираните и истиот е заменет со линерен. Ова го покажува вредноста на базичниот репродукционен број R0 = 0,74 ± 0.62, кој после цели два месеци неделава најпосле се спушти под единица, анализира универзитетскиот професот д-р Дејан Трајковски. 

На втората слика (црвената линија) ја покажува оваа тенденција на намалување на R0.

117904062 856778554850664 8524080780532765836 n
Исто така, бројот на активни случаи (зелената линија на втората слика) го помина максимумот и се чини дека започна надолно движење. Според тоа, деновиве во Битола е поминат и вториот пик и се движиме во насока на постепено смирување на пандемијата.
Доказ дека експоненцијалниот раст преминал во линеарен имаме и на третата слика, каде што гледаме дека последниве дваесетина дена промената на вкупниот број на новодијагностицирани подобро се опишува со регресиона права (зелената права линија) отколку со растечка експоненцијална крива (црвената линија).

117985366 856780101517176 6034234250584536706 n
Конечно, на четвртата слика забележуваме дека временскиот интервал потребен за дуплирање на вкупниот број на случаи престана да се скратува (пресечена е црвената линија на надолниот тренд) и веќе имаме јасно продолжување на интервалот, во насока на зелената стрелка. Ова покажува дека дуплирањето оди сé побавно, односно експоненцијален растеж преминува во линеарен, со тенденција да премине во забавување и израмнување на кривата.
Битолчани уште еднаш покажаа дека во најголем број се дисциплинирани, ги почитуваат мерките за превенција на Ковид-19 и имаат здравствена култура над македонскиот просек. Да се надеваме дека овој позитивен тренд ќе продолжи барем уште до 15 септември, кога почетокот на учебна година и заладувањето на времето ќе донесат нови предизвици.

118197624 856781981516988 8867205226001982432 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани