2win800x200

Несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, животот го загуби 60 годишен работник

Август 20, 2020

 

 Во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби шеесет годишен работник.

-Со длабоко жалење известуваме дека синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К., 60 години. Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности.

Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, информираат од РЕК Битола.  Од РЕК Битола велат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

           

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани