И денешниот новозаболен не дава податок за контакт со позитивно лице
Август 25, 2020
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола е потврден 1 нов случај на COVID-19 во Битола (лице на возраст од 35 години, не дава податок за контакт со друго позитивно лице), информираат од Центарот за јавно здравје во Битола
Во Кичево, Ресен и Д. Хисар денес нема новорегистрирани лица.
Денес се регистрирани и 6 оздравени лица: 3 во Битола, 1 во Демир Хисар и 2 во Кичево.