Спој помеѓу осмислената тишина и совршената музичка врева
Таков концерт му се случи на Фестивалот БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД на последната вечер.
Слободно може да се каже дека беше глобално звучно треперење
на еден битолски релативно нов бенд, составен од познати музичари ВЕЛ .... и еден култен скопски бенд со уникатна музичка идеологија, кој бил и сé уште е ѕвезда северница за многу аудиофили и музичари во регионот, МУГЕР ФУГЕР кои пак заедно со неуморниот и секогаш свој Горан Трајкоски [ГоТра] ставија личен жиг на затварањето на овој фестивал, кој очигледно во 19-та година кажа дека светлото во тунелот на музиката е сосем сјајно.
Една фузија на dark-wave & gothic, музички експерименти кои тргаат од гитарските школи на 80-тите, враќаат отсечно кон традиционални напеви, а во континуитет ја имаме електрониката.
Еве зошто ДА, за БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД