АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
РК "Пелистер" заедно со навивачката група "Чкембари" ја покажаа својата хуманост на дело. Тие денеска донираа огревно дрво и прехрамбени продукти на 62 годишната битолчанка Љуба Поповска , која преживува од скромна социјална помош од 1400 денари.
– Сакам да истакнам дека ова е почеток на хумантирани акции на "Чкембарите" и новата управа на РК "Пелистер". Денеска сме тука да и излеземе во пресрет на тетка Љуба со неколку кубици дрва да и помогнеме да ги складира со цел да ја преживее зимата, а донесовме и храна, изјави Сашо Шамбевски од РК Пелистер
Ова е прва заедничка акција на "Чкембарите" и РК "Пелистер"
– Оваа можност ја користиме да ги повикаме сите здруженија, организации и фирми што е можно повеќе да помагаат, велат од навивачката група "Чкембари".
Сите оние граѓани кои сакаат да и помогнат на Љуба Поповска, можат да ја најдат во куќата која се наоѓа кај „Расадникот“ во Довлеџик.