2win800x200

„Синпекс“ Битола донираше за Акушерското одделение во Битолската болница

Мај 29, 2024

Битолскиот гигант „Синпекс“ Битола учествуваше со донација во обновеното Гинеколошко-акушерското одделение во Битолската клиничка болница. Во обезбедувањето подобри услови за родилките и бебињата компанијата sinpeks.mk Битола донираше бојлер за реконструираните купатила, прочистувачи на воздухот за просториите на одделението и додатна опрема за вратите. 

Вчера на свечената промоција на обновеното одделение на претставниците на „Синпекс“ Битола, Олгица Трендафиловска и Дона Петрова, им беше врачена благодарница.

„Како општествено одговорна компанија сме исклучително задоволни што учествуваме со донација во обновеното одделение за Гинекологија и акушерство при Клиника болница Битола и што донацијата ќе им биде од полза и ќе овозможи подобри услови за престој на родилките, бебињата и воопшто жените, пацентки на овие оддели. Задоволни сме од комуникацијата со раководството на Битолската клиничка болница, бидејќи имаме заедничка цел подобри услови за пациентите, персоналот, односно една општа цел услови за подобро здравје“, рече Трендафиловска, претставник на „Синпекс“ Битола. 

442476724 415241708002665 8307486551508620773 n

Од Битолската болница велат дека „Во последните 3 месеци, менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола на чело со Др.Елизабета Иваносвка, Раководител на оддел за гинекологија и акушерство - Прим.Др. Елизабета Чипуровска, докторите од одделот Др.Николина Ристевска, Др.Тихомир Велевски како и одговорна сестра Елена Дивјакоска, преку многубојни донации го оствариле еден од најголемите проекти кои се случиле во оддел за гинекологија во последните децении.

Оваа донација од „Синпекс“ е само дел од низата донации на компанијата за Битолската клиничка болница во изминатиот период. Во јануари 2023 година, компанијата исто така донираше уреди за прочистување на воздухот, и тоа беа првите прочистувачи на воздухот што ги добија одделенијата за Педијатрија и Интерна медицина во болницата во Битола. Како општествено одговорна компанија „Синпекс“ Битола, донираше 15 уреди, комплет со резервни филтри од  брендот Grunluft. 

436731445 425301913653420 937728644920977147 n

Според раководството на Болницата при реконструкцијата на одделот беше извршена комплетна инфраструктурна реконструкција на водоводната мрежа и електричната инсталација, која не била променета повеќе од десет години. Се изврши замена на поголемиот дел од опрема што се користеше со апарати кои го олеснуваат секојдневното функционирање на одделот, вработените и пациентите. При реконструкцијата се направи еден холистички пристап и комплетно реновирање кое вклучува: родилни столови, гинеколошки столови, светла за преглед, повеќе нови инкубатори ЦТГ апарати, монитори, 2 вакуум аспиратори итн. Инсталирана е топлотна пумпа од марка ЛГ, а комплетно се реновирани две купатила со три санитарни јазли, и тоа преку донатори од Шведска кои во повеќе наврати донирале во Битолската болница. 

renoviran oddel ginekologija 6 1

renoviran oddel ginekologija 20

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани