2win800x200

Набавени минибус и комбе, Општина Новаци го решава проблемот со превозот на ученици

Септември 11, 2020

 

Минибус ISUZU со 30 седишта и комбе Peugeot со 9 седишта се набавени за Општина Новаци, во рамки на проектот “Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“.  

Министерот за локална самоуправа  Горан Милевски заедно со градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче  направија увид во набавките кои се реализирани со средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и Буџет на општина Новаци.Станува збор за вкупна вредност на инвестицијата од 6.646.940 денари.
Досега испорачан е минибусот и се очекува испораката на комбето во утврдениот рок.

"Денеска сме во Општина Новаци со цел да направиме увид на оние набавки. Општина Новаци и градоначалникот ќе го решат проблемот со превозот на учениците, ќе се заштедат средства и општината комплетно ќе си го преземи тоа организирање што е за поздравување бидејќи знаеме дека сите општини имаат проблем со организирањето на превозот на ученици. Со ова всушност докажуваме дека ние инвестираме паралелно како во градските средини така и во руралните средини бидејќи нас граѓаните ни се подеднакво важни независно каде живеат -истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

119235574 1147688715627366 378496571025225955 o

Преку набавката на минибусот и комбето првенствено се обезбедени услови и капацитети за обезбедување на бесплатен превоз на учениците од општина Новаци како и заштеда и поврат на инвестицијата.

"Со овие возила ние ќе ги пренесуваме учениците до централното основно училиште во Новаци кои доаѓаат од петто до деветто одделение и следат настава во Новаци. Освен заштеда и поврат на инвестицијата повеќе ќе немаме проблеми со превозот затоа што често се случуваше по неколку часа учениците да чекаат превоз заради зафатеност на приватните превозници или дефект но и од други причини. Покрај овие две возила имаме уште други две комбиња кои ги вклучуваме во превозот на учениците и еден автомобил, така да се надевам дека оваа година со почетокот на учебната година на 5. октомври ќе нема никаков проблем за превозот на учениците од основното образование. Минибусот кој го набавивме ќе вози на релација Новаци – Добромири – Агларци – Далбеговци, едното комбе ќе вози на релација Рапеш – Арматуш – Новаци, другото комбе Живојно – Бач – Гермијан и автомобилот вози на правец за село Тепавци. Дополнително имаме уште еден правец за село Гнеотино и Рибарци. Овие превозни средства ќе се користат исклучиво за превоз на ученици, бидејќи ние како општина немаме дозвола за превоз на граѓани. Заедно со Општина Битола и Општина Могила заедно работиме на формирање на заедничко јавно претпријатие за јавен превоз и се надеваме до нова година истото ќе биде формирано, со што ќе ги вклучиме сите капацитети во тоа јавно претпријатие и тогаш ќе може да добиеме и лиценца за превоз на патници, а дополнителнот ќе се воведат и нови линии сега каде што не се опфатени некои населени места како што е Градешница каде што немаме никаква линија за превоз на граѓани, -истакна градоначалникот Кузманоски.

119202337 1147686538960917 3533383608699719551 o

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани