2win800x200

Тримесечно бебе од Битола го победи коронавирусот

Септември 16, 2020

Тримесечното бебе кое на 23 август беше регистрирано меѓу седумте заболени битолчани од КОВИД-19, го победи вирусот. Од Министерството за здравство за апла.мк информираат дека бебето оздраве.

17-годишникот кој денеска е регистриран во наовозаболените од КОВИД-19 во Битола, е поврзан со семеен кластер, а од неговото семејство е заболен уште еден член.

Инаку досега не се регистрирани нови заболени од градинката Коца Василева, каде минатата недела беше регистриана една позитивна негувателка, поради што во изолација беа ставени 5 деца и 5 вработени во градинката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани