2win800x200

Уметничкото видео на Солак, Петровиќ и Димитров бележи успех во збратимениот Епинал во Франција

Септември 17, 2020

 

Професорите по ликовна и музичка уметност Љубица Солак и Христијан Петровиќ, како  и композиторот Оливер Димитров од Битола  на фестивал во градот Епинал во Франција презентираа успешно  видео на Фестивалот на слики „CLAVIUM DES CREATIONS“, што се одржува во овој наш збратимен град.

На фестивалот кој има шест годишна традиција учествуваат уметници од сите земји на светот, а уметничкото видео на Солак, Петровиќ и Димитров бележи успех. По тој повод од вчера , три дена по ред видеото се прикажува пред  граѓаните на Епинал со презентации на една од главните фасади на централниот плоштад.  

Солак вели дека сработеното кратко видео  е насловено ,,Создавање на денот и ноќта,, Clavium des creationis...и на големото задоволство на тројцата автори  е прифатено  на фестивалот.

-Благодарни сме на соработката што ја имавме со почесниот конзул на Р. Франција во Битола, Македонија госпоѓата Калиопа Стилиновиќ ,сѐ течеше во најдобар ред и ми беше од огромна поддршка за цело ова време и договарање. Јас и Христијан првпат експериментиравме со видео, звуци итн.. Ова за нас е прво вакво искуство и за среќа ,трудот се исплатеше. Сега со многу поголема желба, уште подобро да работиме на нашите следни проекти, вели Љубица Солак професорката по ликовно образование  од Гиманзијата „Таки Даскало“ Битола.

119720882 376044256757705 6339193153446527090 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани