2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од 13 заболени денес во Битола, 8 лица не даваат податоци за контакти

Октомври 15, 2020

 

 
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 38 нови случаи на COVID-19:
 
-13 во Битола (лица на возраст од 23 до 68 години), од кои пет лица даваат податок за контакт со позитивно лице (две лица од фамилијарен контакт и три лица од контакт со веќе регистрирано позитивно лице). Останатите осум не даваат податок за контакт со позитивно лице;
 
-15 во Кичево (лица на возраст од 14 до 87 години) од кои пет лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), три лица се од познат кластер, а останатите лица не дава податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
 
-8 во Ресен (лица на возраст од 4 до 61 години), од кои две лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), три даваат податок за контакт со лица од познат кластер, а три лица не дава податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
 
-2 Демир Хисар (лица на возраст од 33 и 41 години) од кои едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а другото не дава податок за контакт со регистрирано позитивно лице.
 
Денес се регистрирани 11 оздравени лица (10 од Битола и 1 од Кичево)
 
Денес е регистрирано и едно починато лице од Битола (инфективно одделение при Клиничка болница Битола) на возраст од 66 години
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани