2win800x200

Во Техничкото училиште и за викендов се работи на поставување на новата дограма

Октомври 17, 2020

 

И за викендот се работи на обновата  на Техничкото училиште во Битола. Продолжи замената на старата и дотраена дограма со нова ПВЦ дограма, која  ќе значи заштеда на енергија  и енергетска ефикасност. Откако во изминатиот период  се замени целата столарија на училниците на првиот кат од училиштето сега се довршува обновата на дограмата и на училниците и ходниците на  приземјето. Новата ПВЦ дограма носи нов лик за школото, каде во исто време привршува  замената на кровот со пластифициран профилиран лим, а веќе е поставено ново осветлување  на просторот околу училиштето со поставување на ЛЕД рефлектори на фасадата на објектот.

121965515 818595095639863 1272164447770788752 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани