2win800x200

Творештвото е благородна мисија на човекот-Јубилејни 20. Пелагониски културно-научни средби во Општина Новаци

Октомври 17, 2020

 

Општина Новаци по 20 пат беше домаќин на Пелагониски културно-научни средби.  Со одлука на Советот  годинава наградата „Повелба за животно дело” му беше доделена на Ристе Котевски и Трајан Митровски, основоположници и активисти на овие средби. Додека пак признанието „Златен клас на македонски вознес“ за 2020 година му беше доделено на Душан Ристевски од Австралија, кој дал придонес за афирмација на македонскиот јазик и култура.
 
Творештвото е благородна мисија на човекот. Зад секоја творба стои некој човек кој се поти, размислува и кога ќе го најди решението пушта солзи радосници, порачаа учесниците на средбите.
 
По својата содржина и значење, Пелагониските културно-научни средби одамна ги надминале локалните рамки. Овие средби со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината не само на овој крај, туку и многу пошироко, истакна професорот Ѓорѓи Лазаревски, претседател на Пелагониските културно-научни средби.
„Во содржината на овие средби се вградиле и се вградуваат многу познати имиња како од Македонија, така и надвор од неа, што претставува едно големо богатство за културната историја не само на Општина Новаци, но и на целата наша татковина.“ – нагласи Лазаревски.
 
Љубе Кузманоски градоначалник на Општина Новаци вели дека општината застанува зад Пелагониските средби кои се од големо значење за општината.
 
„Луѓето кои имале визија, пред 20 години ја формирале оваа манифестација. Таа ги собира научните и културните творци и создава нови дела значајни за науката и животот. Нивните дела имаат непроценлива важност за културната историја не само на Општина Новаци, но и за целата наша татковина.“ – изјави градоначалникот Кузманоски.
 
 
Пелагониските културно-научни средби се одржаа со поддршка на Општина Новаци и Македонското научно друштво од Битола, со строго почитување на мерките за физичка дистанца и носење на заштитни маски пропишано од Министерството за здравство.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани