АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод меѓународниот Ден на борба против полиото – 24-ти октомври, Ротари Клубот Битола Широк сокак организира онлајн трибина насловена „Најнови информации во борбата против полиото“.
Настанот ќе се одржи на 22.10.2020 година, со почеток во 20 часот преку web платформата meet.google.com (CODE: mvc-tusv-jpq).
Гостин на трибината ќе биде д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во Специјалистичката гинеколошко акушерска болница „Плодност“ од Битола.
Целта на овој настан е да се подигне свеста за неопходноста од преземање на сите непходни мерки за искоренување на оваа опасна болест, за што Ротари заедницата даде огромен придонес и продолжува тоа да го прави се до конечно достигнување на “нула” случаи на светско ниво.