Webp.net gifmaker

Христовска со предлог мерки за помош на економијата, Груевски рече дека веќе се исполнети

Октомври 20, 2020

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Викторија Христовска на денешната седница изнесе сет мерки за помош на бизнис заедницата во тешката ситуација со ковид-19, за кои рече дека и претходно ги предлагале како советници од опозицијата, но се немало слух, па време е да се стават во функција.

„Намалување на данокот на имот до законскиот минимум, намалување на данокот на пренос на промет на недвижнини од 3 на 2 проценти, што е и законски минимум. Предлагаме намалување на комуналната такса, односно фирмарината да биде на законскиот минимум, знаејќи дека е за сите објекти и дека таму се правеа законски измени, веќе е време да се имплементира. Ослободување од надоместокот за поставување на урбана опрема од 1.1.2020 до 31.12 2020 и ослободување на хотелиерите од плаќање на туристичка такса во истиот период и така знаеме дека туристичката сезона беше крахирана и ова е со цел да им се помогне на хотелиерите“, рече советничката Христовска.

Претседателот на Советот Валентин Груевски одговори дека пакет економски меркии и тоа како се потребни во овој период, но дел се содржани во четвртиот сет на мерки од Владата, а некои донесени и претходно од Советот на Општина Битола.

„Намалување на данокот на имот на минимум, тој данок во Општина Битола е на минимум и не може да оди подолу. Законски е од од 0,1 до 0,3 проценти, Општина Битола во 2005 година кога претседател на Советот беше Зоран Коњановски висината на стапката ја утврди на 0,1 процент, не може помалку. Во однос на преносот на недвижности од 3 на 2 проценти, се работи за променлива категорија во која наследниците од прв ред не плаќаат ваков данок, а наследниците од втор ред го плаќаат минимумот од 2 проценти оти минимумот е од 2 до 4 и од трет ред е три проценти. За комуналната такса како Совет донесовме одлука со која таа е сведена на законскиот минимум 5 денари од метар квадратен и не можеме да одиме подолу, а има важност до 15 ноември. Потоа субјектите ќе поднесуваат посебни елеборати за зимската сезона, а ние имаме можност за следниот период од 6 месеци да ја продолжиме одлуката. Хотелиерите, пак, плаќаат такса само ако имаат гости, ако немаат не“, рече Груевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани