АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На првиот Стручен собир на библиотекари од факултетските библиотеки на тема „Организација и услуги на факултетските библиотеки на Универзитетот ‘Св. Климент Охридски Битола’- развој на библиотечната дејност“ ќе се одржи во просториите на Универизтетската библиотеката во Битола со почитување на процедурите за организирање на настани за време на пандемија со Ковид-19 денес со почеток во 11 часот.
За учество се пријавија библиотекарите од факултетските библиотеки на УКЛО. Предавачи на наведените теми се библиотекари м-р Јелена Петровска и Лидија Мирчевска.
Организација на Собирот ќе укаже на стручноста на библиотекарите и потреба за користење на референтна литература на студенти и научни работници на Универзитетот, но пред се ќе укаже на значење на библиотечните сервиси на ниво на Универзитетот како и потполна препознатливост во средината.
Проектот е од особена важност за воспоставување на протоколи за работа и организација на посебен вид на библиотеки, соодветни практики и настани.
Националната Установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола е придружна членка на Универзитетот во Битола (УКЛО). Во рамките на УКЛО како дел од секој одделен факултет се наоѓаат и факултетски библиотеки со збирки на научна литература.
Досегашната пракса укажува на потреба од изготвување на Стратегиски план и јасна визија за развој на овој тип библиотеки. По својата функција универзитетска библиотека започнува активности со имплементација и вистинска позиција на факултетските библиотеки на УКЛО со цел на нивна целосна библиотечна автоматизација и подигање на компетенции на факултетските библиотекари како дел од постојано професионално усовршување. За таа цел потребно е изготвување на заеднички нацрт и план за работа. На Средбата ќе бидат опфатени теми од организациска поставеност на факултетските библиотеки во интегриран универзитет, работа со библиотечната граѓа и корисници, управување со информации, автоматизација на библиотечното работење и изготвување на насоки за развој на библиотечната дејност што е од особено значење за евалуација квалитетот и изведување на образовните програми на Универзитетот. Како посебен дел ќе бидат обработени и теми за стручно усовршување на библиотечниот кадар и можности за стекнување на стручни звања во струката.