2win800x200

Битола  на прагот на многу висок ризик од ширење на заразата, анализа на професорот Трајковски

Октомври 22, 2020

 

Битола  е на прагот на  многу висок ризик од ширење на заразата.  Ако Битола се наоѓаше во Словенија, денеска ќе беше ставена во локдаун. Останатите градови во Македонија би биле заклучени уште пред 2 недели, анализира професорот Дејан Трајковски.
-Имено, во Словенија автоматски ги заклучуваат сите региони кога 14-дневната кумулативна инциденца ќе надмине 140 на 100.000 жители. Планот го подготвиле со време и сега само механички постапуваат по него, без никакво размислување, повторно разгледување или политизирање.
Во Битола гледаме класичен експоненцијален раст со време на дуплирање од 37 дена и со тенденција на понатамошно скратување. Последниве два дена, поради големиот број на затворени случаи видовме застој во зголемувањето на бројот на активните случаи. Доколку бројките на новодијагностицираните престанат забрзано да растат над сегашниве просечно 12 на ден, бројот на активните случаи би престанал да расте, а со малку повеќе дисциплина би започнал и да опаѓа.
Инаку, според критериумите на ECDC (Европскиот центар за превенција и сузбивање на заразните болести), 14-дневната кумулативна инциденца од 120 на 100.000 жители претставува праг на МНОГУ ВИСОК РИЗИК ОД ШИРЕЊЕ НА ЗАРАЗАТА. Затоа, повеќе внимание ни е потребно од било кога порано.
 
Во Битола досега се регистрирани 490 позитивни случаи, 16 починати и во моментов 152 активни случаи. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани