АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
После вложени над 160 милиони денари за инфраструктура во комплексот Касарна продолжуваме со капитална инвестиција нова детска градинка вели
Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола.
-Во тек е јавната набавка за изградба на нова детска градинка. Јавната набавка се однесува на изградба на целосната конструкција на објектот со поставена дограма. Објектот е предвиден да зафаќа бруто површина од 2012 метри квадратни и ќе биде наменет за прием на околу 250 деца. По изборот на изведувачот, ќе бидат определени и фазите на работа на овој објект.
Исто така, во тек се јавните набавки за изработка на проектна документација за доградбата на детската градинка Снегулка и за адаптација на дел од поранешниот Мајчин дом во градинка.
Со изградбата на новата детска градинка, како и со адаптацијата на другите два објекти, во голема мерка ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во Битола.
Локалната власт предводена од СДСМ за три години комплетно ги промени условите во детските градинки, Реконструира и реновира санитарни чворови, комплетно опреми постоечки и стави во функција нови занимални, а Кравари доби нова и целосно опремена градинка.
Секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита. Ние во тоа веруваме и работиме да го исполниме, вели
Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола
.