2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Заболените битолчани се од 28 до 68 години

Октомври 24, 2020

 

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 9 нови случаи на COVID-19:
-4 во Битола (лица на возраст од 28 до 68 години), од кои две лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а две лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
-3 во Кичево (лица на возраст од 33 до 66 години) од кои две лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а едно лице не дава податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
-2 во Ресен (лица на возраст од 56 и 87 години), од кои едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а едно лице не дава податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
Денес во Демир Хисар не се регистрирани нови со позитивни лица.
 
Денес се регистрирани 6 оздравени лица (3 од Битола и 3 од Кичево).
 
Денес се регистрирани 3 починати лица (сите се починати на инфективното одделение при Клиничката болница во Битола) од кои 2 се од Ресен на 52 и 83 години и едно лице од Битола на 68 години.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани