АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Крајниот рок за поставување на прашања за апликантите кои не се наоѓаат на прелиминарната листа објавена во врска со јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди е до 30.10.2020 година до 14.00 часот на мејл адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Во испратеното барање за информација (барање за одговор на прашања), задолжително, потребно е да стои и бројот на предметот за кој се бара информацијата.
Крајниот рок за одговор на поставените прашања е 04.11.2020 година до 12.00 часот, по што ќе следува објава на конечната листа.
Потоа, апликантите од конечната листа, по утврден распоред за достава на документацијата потребно ќе биде физички да ги достават сите документи поднесени при електронското аплицирање, така што профактурата ќе биде заменета со фактура со исти податоци и содржина, како и профактурата, (апликантите кои аплицирале со фискална сметка, ја доставуваат фискалната сметка во оригинал), барањето своерачно потпишано од апликантот (се внесува датумот на аплицирање и бројот на предмет добиен при аплицирањето), и изјавата заверена на нотар. Дополнителен прилог на оваа документација, потребно е да биде испечатена фотографија од печката на дрва, која ќе биде заменета со инвертер клима уредот.
Општина Битола, им препорачува на сите економски оператори кои издале профактура, после објавувањето на конечните листи, да им овозможат на граѓаните комплетирање на документацијата согласно член 7 став 4 од Правилникот за субвенционирање, каде меѓудругото стои: „Добитниците на субвенција кои поднеле барање за плаќање кон трговското друштво односно трговецот поединец, за исплата на субвенцијата треба да достават фактура од трговското друштво, односно трговецот поединец, издадена врз основа на про - фактурата доставена со барањето за субвенционирање. Исплатата кон трговското друштво, односно трговецот поединец ќе се врши рок од осум дена по доставувањето на фактурата“.