- профактурата да биде заменета со фактура со исти податоци и содржина, како и профактурата, (апликантите кои аплицирале со фискална сметка, ја доставуваат фискалната сметка во оригинал),
- барање своерачно потпишано од апликантот (се симнува од овој линк и покрај останатите податоци се внесува датумот на аплицирање и бројот на предмет добиен при аплицирањето)
- изјава заверена на нотар (се симнува од овој линк)
- испечатена фотографија од печката на тврди или фосилни горива, која ќе биде заменета со инвертер клима уредот.
Документот со серискиот број на клима уредот кој ќе биде внесен во гарантниот лист/налогот при монтирање на климата, граѓаните потребно е да го чуваат, бидејќи тој документ ќе треба да се достави до Општина Битола при предавање на печката на тврди или фосилни горива.
Општина Битола, им препорачува на сите економски оператори кои издале профактура, со објавувањето на конечните листи, да им овозможат на граѓаните комплетирање на документацијата согласно член 7 став 4 од Правилникот за субвенционирање, каде меѓудругото стои: „Добитниците на субвенција кои поднеле барање за плаќање кон трговското друштво односно трговецот поединец, за исплата на субвенцијата треба да достават фактура од трговското друштво, односно трговецот поединец, издадена врз основа на про – фактурата доставена со барањето за субвенционирање. Исплатата кон трговското друштво, односно трговецот поединец ќе се врши во рок од осум дена по доставувањето на фактурата“.