Битола денеска го слави денот кога пред 76 години, утрото кога на 4-ти ноември во 1944 година партизанските единици од 49. дивизија на народно ослободителната војска и македонските партизански одреди победоносно влегле во градот. Во национално ослободителната војна 266 борци од Битола ги положија своите животи.
Централниот настан на денешната манифестација по повод 4 Ноември е врачувањето на највисоките општински награди и признанија.Како што е веќе објавивме годинашен добитник на наградата за животно дело е композиторот Петар Георгиев-Калица, а признанија за годишни постигнувања ќе им бидат доделени на Македонско научно друштво-Битола, Владимир Рендевски-специјалист неврохируг, Панде Димитровски автор на проектот „Незаборав", Лидија Твирст Митревска директорка на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара" и меѓународните ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
-10.00 Полагање цвеќе пред споменикот кај Центар за култура - Општина Битола и Сојуз на борци
-10.20 Промовирање на новиот знак Битола и награда за ученици во паркот кај Саат кулата
-12.00 Сала во ФИКТ доделување на наградите 4 Ноември
-14.00 Он лајн потпишување на Меморандумот за збратимување со Цетиње во Општина Битола