АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште двајца битолчани починаа ноќеска на Инфективното одделени во Битола, каде се лекуваа од коронавирусот, потврди директорката на Клиничка болница Битола д-р Билјана Гагачовска.
-Починаа двајца пациенти од Битола на 66 и 71 годишна возраст. Во одделението се хоспитализрани 70 пациенти и повеќето се во тешка здравствена состојба, потврди Гагачовска за Апла.мк
И вчера , во еден ден починаа двајца битолчани позитивни на ковид на 62 и 80 годишна возраст. Бројката на починати од почетокот на кризата се искачи на 27. Бројот на позитивни лица во градот достигна 774 од кои дури 324 се активно болни.