Наша цел е да нагласиме дека антифашизмот денес станува многу важен-рекоа авторите Литовски и Трајковски на промоцијата на книгата „Ослободувањето на Битола и битолско“

Ноември 04, 2020

Капиталното дело на авторите д-р Александра Литовски и д-р Роберто Трајковски „Ослободувањето на Битола и битолско, октомври-ноември 1944 година“ беше промовирано токму на 4 Ноември-Денот на ослободувањето на градот., со што  заврши неколкудневното чествување по повод празникот. Настанот беше организиран во Малата сала на битолскиот Завод и Музеј, со почитување на сите протоколи, а публиката беше сведок на една пригодна промоција, посветена на сите оние кои ги положиле своите животи за денешната слобода.

-Во оваа пригода искажувам почит на сите оние кои ги подарија своите животи за нашата слобода и со повик таа слобода на овие и идните генерации, да ја искористиме и да чекориме по патот на Литовски и Трајковски, во истражување и расветлување на сето она што значи НОБ и Револуцијата како најсветла точка на нашата историја. Ова издание само по себе, по форма и содржина, е ремек дело, плод на макотрпна и долготајна работа на авторите, кои покажуваат почит на се оноа што се случувало во минатото и создаваат обврска на сите останати да им возвратат со иста таква почит, рече Никола Главинче, промотор на оваа книга.

Инаку во ова дело на Литовски и Трајковски, е збир на 192 документи кои датираат од октомври и ноември 1944 година, поместени се извештаи, наредби, писма за текот на настаните во НОБ. Покрај домашни извори, користени се значајни извори од документацијата на Вермахтот, потоа англиски воени извештаи и документи, објавени со факсимили. Исто така, поместени се и 20 портрети на значајни учесници во НОБ.

-Нашата цел е да нагласиме дека антифашизмот во денешно време станува многу важен. Книгите што ги пишуваме со Роберто Трајковски имаат намера да бидат поттик луѓето да станат свесни дека фашизмот не е само историска појава кој еднаш е поразен и таа работа е завршена, туку и денес е е актуелен. Некоја историска генеза на тој фашизам треба да послужи како оружје, како ум во денешно време да можеме да се бориме. Втора работа на која сакам да укажам е дека флоскулата дека историјата не е важна навистина е безвредна и тоа мораме да го научиме со ова што ни се случува со Грција и Бугарија. Како што гледате цела иднина ни зависи од историјата, бидејќи ниту држава, ниту идентитет, ниту личност не постои без сеќавање за минатото, нема иднина без историја, рече авторот Александар Литовски.

-Со колегата Александар Литовски две работи беа клучни што не водеа да почнеме да работиме на овие документи-долгот спрема градот Битола и спрема оние што ги дадоа животите во Втората светска војна. Ова дело е капитално, а ние успеавме за некаде околу една година да ги обработиме документите и да ги направиме сите други активности, изјави Роберто Трајковски.

Книгата финансикси е поддржана од Општина Битола.

-Велат кажаниот збор дава поткрепа на денешницата, но пишаниот збор дефинитивно отвора порти кон вечности, тој е оној кој што ве сочувува, ве прави посебни. Сведоци сме и во поновата историја колку пати како држава, како народ, како нација, сме биле предмет на дискусија. И не велам дека за различни ситуации треба да се лутиме на некому друг. Она што треба да го правиме, а зависи од сите нас, е создавањето на вакви дела, оставањето на трага на нашиот збор, мисла, дела што сме ги имале во минатото. Со тоа оневозможуваме некој да не избрише и да не третира како што сака. Имаме привилегија да имаме два автори кои со ова капитално дело не прават посебни, прават никој да нема можност да не избрише од тлото. Кога дознав за ова дело ги повикав авторите и реков дека ова дело не смее да остане без издание , дело во кое ќе стојат оригиналните документи кои што ја кажуваат вистината за нас, за нашата борба, за борбата против фашизмот, за нашата битка и бдеење за иднината на нашите деца. Се чувствувам привилегирано како градоначалник што токму на Денот на ослободувањето на нашиот град, со овој настан ставиме круна на денот. Горда сум затоа што имаме вакви великани, наши сограѓани, за кои нема сомнеж дека и во иднина треба да ја имаат нашата поддршка, изјави на промоцијата градоначалничката Наташа Петровска

 

viber image 2020 11 04 21 06 12

viber image 2020 11 04 21 06 16

123435602 383523866126343 5384547408867503954 n

123471019 1027619637701617 569398500677947729 n

123471633 356526172293253 2836074464127737506 n

123480429 373698734044281 8746632072054833661 n

123497643 1169607796770033 4980297074027573188 n

123548732 1446780235526377 1677970715403080182 n

123572099 276032547138323 4354797582062034843 n

123593015 2612863405671572 774873042925462520 n

123296897 1303486790009457 3529259941624395482 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани