2win800x200

Целосна обнова на регионалниот пат Новаци-Маково во должина од 2,5 км

Ноември 04, 2020

 

Јавното претпријатие за државни патишта започна со рехабилитација на регионалниот пат Новаци-Маково во должина од 2.5км. Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски денеска излезе на терен со цел да се увери како течат работите. 
-Вкупната вредност на инвестицијата е 11 милиони денари, средства обезбедени од Влада на Република Северна Македонија преку Јавното претпријатие за државни патишта. Изведувач на градежните активности е ЈП "Македонија пат”.
Рехабилитацијата се состои од надградба на коловоз во деловите од регионалниот пат кој е најоштетен и ќе се одвива во две фази. Првата фаза е веќе во тек а со втората фаза ќе се продолжи во наредната година.
123822104 1195939160802321 121305705529882724 o
 
Со завршување на првата фаза во текот на месец ноември градежните активности ќе продолжат со рехабилитација на вториот предвиден во програмата регионалеп пат, патниот правецБач-Гермијан –Кременица.
Со рехабилитацијата на овие два патни правци ќе се обезбеди нормално и безбедно одвивање на сообраќајот како и квалитетна патна инфраструктура.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани