2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Одговорно однесување на секој поединец-апелираат од Кризниот штаб на Битола

Ноември 06, 2020

 

По зголемувањето на бројот на новозаболени на ниво на држава, а со тоа и во Битола, од исклучителна важност е одговорното однесување на секој поединец, е заклучокот на Кризниот штаб на Битола на кој ситуацијата со Ковид-19 ја разгледуваа градоначалничката  Наташа Петровска, со членови на штабот за заштита и спасување. 

Носењето на заштитна маска, физичката и социјалната дистанца и зголемената лична хигиена, се единствените мерки кои можат да придонесат за заштита на населението и спречување на зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Во овие моменти, кога дополнително се појавуваат и настинки и сезонски грип, почитувањето на заштитните мерки е лична заштита на секој поединец, но и заштита на неговото семејство, неговите роднини, пријатели, колеги, соработници и целото општество. Повеќе од важно е, секој од нас, да се однесува свесно и совесно, зошто на тој начин ќе дадеме поддршка на здравствениот систем, но и ќе спречиме појава на сериозни, несакани и тешки последици.

Секое групирање во јавните објекти, непочитувањето на мерките за лична заштита и однесувањето, како да не постои сериозна закана за човештвото во светски размери, претставува лична неодговорност, со сериозни реперкусии.

Одговорното однесување ќе помогне полесно да ја надминеме сериозната закана од КОВИД 19, со цел здрави и со своите блиски, во иднина да се радуваме на заеднички средби и прослави. Затоа, повеќе од потребна ни е одговорност кон себе и другите.

Носете заштитна маска, не излегувајте непотребно, не се групирајте, одржувајте лична хигиена, апелираат од кризниот штаб.

Штабот за заштита и спасување во Општина Битола, продолжува со спроведување на сите потребни координативни мерки за заштита на населението и поддршка на здравствените работници во нивната одговорна и тешка работа во ова време на пандемија. Но, заштитните мерки и почитувањето на препораките, остануваат најважни во заедничкото дејствување против КОВИД 19.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани