2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Асимптоматските случаи причина за загриженост, таков бил вчера регистрирараниот заболен

Мај 06, 2020

Вчерашниот регистриран случај, носител на коронавирус, бил асимптоматски, немал клиничка слика на КОВИД19, што е загрижувачки фактор за здравствените власти. За ова денеска разговараа членовите на Општинскиот кризен штаб на состанокот со градоначалничката Наташа Петровска.

- На состанокот беше разгледан моменталниот тек на состојбите со коронавирусот во Битола, но и постоењето на евентуална опасност од појава на нови случаи.Загрижувачки се асимптоматските случаи, како што е последниот случај во Битола, кој немал клиничка слика на КОВИД 19.Овој случај треба да претставува причина за зголемување на совесноста кај секој од нас, а досегашното одржување на состојбата со коронавирусот во Битола, како стабилна и под контрола,  треба да ни биде поттик и пример за натамошното однесување, се наведува во соопштението од Општина Битола

Градоначалничката Петровска препорачува  да се почитуваат сите постоечки мерки и граѓаните да не се однесуваат несоодветно и недоговорно, поради полабавите мерки донесени од страна на Владата.  

-Токму заради појавата на асимптоматските случаи, апелираме на носење заштитни маски, одржување социјална дистанца и редовно одржување на хигиена, посочи Петровска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани