2win800x200

10 ОПЕРАТОРИ ВО ТРКА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБАТА АРМ ВО БИТОЛА

Ноември 13, 2020

На јавната набавка за изградба на нова детска градинка во Битола, во населбата АРМ (поранешна Касарна), се пријавија 10 економски оператори. Во тек е евалуација на понудите, по што се очекува до крајот на следната недела да биде избран изведувачот на работите.

Јавната набавка се однесуваше на изградба на целосната конструкција на објектот со поставена дограма. Објектот е предвиден да зафаќа бруто површина од 2012 метри квадратни и ќе биде наменет за прием на околу 250 деца. По изборот на изведувачот, ќе бидат определени и фазите на работа на овој објект.

Со изградбата на новата детска градинка, но и со адаптацијата на другите два објекти на градинката Снегулка и дел од поранешниот Мајчин дом, за кои се во тек јавните набавки за изработка на проект, во голема мерка ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани