2win800x200

„Стрежево“ ја намали цената на пастрмката што ја одгледува во сопствените рибници

Ноември 23, 2020

ЈП „Стрежево“ ја намали цената на пастрмката што  ја одгледува во сопствените рибници. Сега оваа риба може да се набави за 240 денари килограм за белата и  260 денари за црвената. 

 

-Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме, ЈП "Стрежево" - Битола ја намали цената на пастрмката, одгледувана во сопствените рибници. Суштински дел на одговорот на Ковид 19 е осигурување на пристапот до домашни производи - безбедна, хранлива и здрава храна. Со оваа интервенција на цените сметаме дека ќе дадеме придонес за намалување на отежнатиот пристап до храна како последица на ограничувањата што се наметнаа поради пандемијата - изјави директорот Методија Граматковски.

Претпријатието и во иднина ќе продолжи да ја надградува методологијата за цените како рационална мерка, со најразлични интервенции, а со цел реално следење на целокупната состојба во интерес на граѓаните.

-Рибарницата работи секој работен ден од 08-17 часот, во сабота од 08-14 часот. Печиме риба. Купувајте македонски производи, порачаа од ЈП „Стрежево“

 

1

 

3

 

4

 

5

 

6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани