2win800x200

„Бетовен во Битола“- концерт на Здружението за македонско-германско пријателство по повод 250 години од раѓањето на виртуозот

Декември 18, 2020

Со онлајн концерт насловен „Бетовен во Битола“ Здружението за македонско-германско пријателство од Битола се вклучи во чествувањето на 250 годишнината од раѓањето на големиот светски композитор Лидвиг ван Бетовен. Воедно Здружението испрати и честитка за големиот јубилеј до „Бетовен музејот“ во родниот град на композиторот Бон.

„Рихар Вагнер рекол јас верувам во Господ, Моцарт и Бетовен, вербата во нив и големиот јубилеј 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен беа повод Здружението за македонско-гермaнско пријателство и соработка од Битола да организира концерт. При ваквите јубилеи два аспекта се важни: новата средба со новното дело и новата радост од она што го створиле и ни го подариле. Да отсвириш погрешна нота е незначително, да свириш без страст е неопростливо, рекол Бетовен. Нашите уметници со страст ги свират и ги пеат неговите дела“, рече Валентина Илиева, претседател на Здружението.

На концертот кој траеше еден час настапија уметниците Бобан Рајчиноски тенор, Марина Коруновска мецосопран, Фросина Макаловска сопран и Маја Митровска сопран во придружба на искусната  пијанистка Татјана Божиновска и помладите пијанисти  Ксенија Поповска, Андреа Николовска и Арсениј Ангелевски.

Концертот може да се погледне на веб страницата на Здружението www.zmgps.org.mk како и на нивниот јутјуб канал.

Погледнете го концертот:

https://zmgps.org.mk/?page_id=1131&fbclid=IwAR0DPDyqP6oJXYEM9UACM6g6kJBvrPCYZSOzYu5kRrG11iB96pZL6IBJsMM&lang=de

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани