АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола ќе се вклучи во процесот на реформи и трансформација при креирањето интегрален систем за управување со кризи заедно со академската заедница. Ова е договорено на работната средба која проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски од името на УКЛО, ја реализира со директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.
Покрај можностите за структура на студиски програми и наставни содржини за кризен менаџмент како еден од најголемите современи предизвци, на средбата се разгледани и други актуелни теми за унапредување на соработката, при што академијата ќе помага со конретни предлози и препораки. Притоа, посочен е примерот со научно-истражувачкиот проект „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба – менаџирање и справување со кризи“, по чие завршување предлозите ќе бидат понудени како решенија за градење ефикасен безбедноснен систем, чиј интегрален дел е и управувањето со кризи. Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и неговите единици ќе се вклучат во издавачката дејност на Центарот за управување со кризи во функција на зголемување на фондот на научно-стручни публикации и литература за потребите на вработените на ЦУК, професорите, студентите, стручната и општата јавност во земјата.