АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Американски фолклористи акапела ја испеаја „Македонско девојче“ на синоќешниот концерт на Илинденски денови во Битола. Битолската публика воодушевена од гестот на Амерканците ги награди со силен аплауз, а задоволството беше очигледно. Фолклористи од сојузната држава Јута во САД - Brigham Young University American Folk Dance Ensemble, вчера вечер во Центарот за култура во Битола, откако ја исполнија предвидената програма на изненадување на публиката останаа на сцената, и тогаш ја отпеаја антологиската „Македонско девојче“, што за публиката имаше двојно значење, покрај гестот на добра волја и фактот што песната е компонирана за нашата Виолета Томовска, таа прв пат ја испеа во 1964 година. Песната ја напиша битолчанецот Јонче Христовски инспириран од убавината на ќерката на Виолета Томовска.