АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерва во 20.30 часот на плоштадот Магнолија, Социјалдемократскиот сојуз и коалиционите партнери ќе одржат голем народен митинг со кој ја започнуваат изборната кампања токму од Битола.
На митингот најавено е дека ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев, кандидатката за градоначалник Наташа Петровска и носителот на кандидатската листа со советници Валентин Груевски.
Портпаролот на СДСМ од Битола, Борче Корлевски, рече дека поради важноста на нашиот град одлучиле првиот митинг да го одржат токму во Битола.
-На митингот ќе ви ги претставиме нашите идеи за еден поинаков, почист, позелен и економски побогат град , во кој спортот ќе си го добие назад својот сјај. Кандидатката за градоначалник е истакнат борец за доброто на градот која заедно со советниците со единственост, работа и ентузијазам ќе ја направат Битола да биде победнички град- рече Корлевски.