2win800x200

Бучавата им го краде сонот на битолчани

Септември 21, 2017

Битолчанец самиот си поставил аларм да му ја штити куќата, а тој заминал во странство. При невреме или прекин на електричната струја алармот се вклучувал и свирел со часови, понекогаш цели ноќи, оставајќи ги без сон соседите.

Немало кој да го исклучи, па испуштал силен свиреж се додека не се истрошил уредот. Ова е само еден од примерите за несовесно предизвикување на бучава од битолчани во центраот на градот, а предизвикувачот неколку пати бил пријавуван во полиција.  Бучава во градот доаѓа и од густиот сообраќај, но и од  гласните верски обреди кои се пренесуваат преку разглас од џамиите и црквите. 

Центарот на Битола боледува од комунална бучава, доказ за ова се податоците од Локалниот еколошки акционен план што го донесе Советот на општина Битола. Според мерењата преку ден најбучное на влезот од градот  кај кружниот тек каде се спојуваат улиците „Филип Втори Македонски“ и „Прилепска“, пред Здравствениот дом и на крстосницата кај месноста „Грозд“ одалечена на стотина метри од Широк Сокак. Преклу ноќ повторно најбучно е на влезот од градот и кај „Гроздот“.

Градската бучава во просек се искачува околу 60 децибели преку ден и вечер , а дозволено е до 55. Ноќе пак, бучавата достигнува до 55 децибели, а доволената граница е до 45.  Надминување на граничните вредности има и во реонот на градската болница која пак спаѓа во  подрачјеод прв степенназаштитаодбучава бидејќи  на своја територија има установа за лекување. Преку ден таму надминувањето е за 4,34 децибели , додека во текот на ноќта за 5,78 децибели над граничната вредност.

Максимално ниво на бучава било измерено на улицата „Партизанска“, во близина на спортската сала, каде има и паркинг за возила. Ова е едно од најфреквентните места зашто во близина корзото се спојува со шеталиштето. Бучавата изнесувала 76 децибели или за 16 повеќе од граничната вредност, а мерењето било спорведено есента минатата година.

Низ реоните со најголема бучава минуваат едни од најголемите градски сообраќајници. Според Локалниот еколошки план, најчест причинител на бучавата се возилата, а понатаму машините во производствените погони и во поново време експанзијата на угостителски објекти во рамки на станбени единици. Во непосредна близина на бучните места има стамбени објекти, училишта, фирми, па високите децибели на битолчани им го пореметуваат сонот, концентрацијата, предизвикуваат чувство на замор,  главоболки и оштетување на слухот.  

„Голем број на негативни влијанија врз здравјето, какодиректни и индиректни, се поврзани со изложеноста на постојани или високи нивоа на бучава. Влијанието на бучавата ноќно време може значително да се разликува од влијанието на бучавата преку ден.Согласно извештајот на Светската здравствена организација негативни здравствени ефекти луѓето се појавуваат кога се изложени на нивоа на бучава во  текот на ноќта над 40 децибели“, пишува во ЛЕАП-от.

Досегане е изготвена стратешка карта за  заштита од бучава во општина Битола. Во Локалниот еколошки план се предвидува во иднина да биде изработен катастар на создавачи на бучава, редовна контрола од страна на инспекциските служби во општината, прописи за работа на објекти сместени во или близина на станови и куќи, како и пропишувања на строги барања за изолација и услови на работа кај објекти лоцирани во чувствителни средини. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани