2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Продолжува вложувањето во училиштата, Општината му помогна и на ученик да може поквалитетно да ја следи наставата

Јануари 25, 2021

Со средства во висина од 2.100.000 денари, префрлени од Општина Битола, во тек се изведби на неколку инфраструктурни зафати во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“. Се поплочува целото училиште, а на површина од 1750 се изврши бојадисување, со што се обезбедуваат подобри услови за настава и за одржување на хигиена во училиштето. Паралелно, се врши заградување на тревниот стадион, за кој е обезбедена и опрема за наводнување со техничка вода од ЈП „Стрежево“. Градоначалничката Наташа Петровска и директорот на училиштето Благојче Кривевски, покрај тековните активности, разговараа и за можностите за натомошно осовременување на ова училиште.

Градоначалничката Петровска го посети и основното училиште „Даме Груев“, каде што беше запозната со извршените санации и процесот на настава. Директорката Роза Јовановска истакна дека со доделените средства од општината, набавени се 21 персонален комјутер со дополнителна опрема и два лап-топ компјутери, а со обезбедениот висококвалитетен интернет, наставата се одвива непречено.

Реновирани ходници, училници, збогатени со дополнителна опрема, обезбедени таблет компјутери за ученици од ранливи категории, се само дел од реализираните активности. во основното училиште „Тодор Ангелевски“, за кои директорката Љубица Стерјева разговараше со градоначалничката Петровска. Посетата беше искористена за средба со дел од семејството на ученик, за кој Општината помогна материјално и обезбеди поквалитетно следење на наставата.средба 2

среба 3

среба 4

средба 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани