2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Нова партија на политичката сцена „Македонска ера нова“, еден од основачите екс амбасадорот Горан Тасковски

Февруари 01, 2021

Формирана е нова политичка партија „Македонска  ера трета“, со централно седиште во Битола, а еден од основачите е поранешниот амбасадор во Турција , битолчанецот Горан Тасковски. Тој вели дека ќе докажат оти за Македонија може да се придонесува за подобар живот и без власт.

„Почнавме како движење, па прераснуваме во партија, а целта е да ги разбудиме и поттикниме жителите на Македонија да не трчаат слепо по 'култни' партии или политичари , туку дека треба да работат за себе. Ние 30 години на плус и минус 30 гласаме за пет души да можат добро да живеат, без разлика кој е на власт. Не ни е целта власта нити да ги натераме луѓето да се зачленуваат кај нас, кој сака нека се приклучи, туку да ги поттикниме граѓаните да почнат да размислуваат за себе. Воедно, преку нашите проекти и стратегии во соработка со претставници од дијаспората , односно наши иселеници ќе придонесеме за подобар живот во Македонија. Ќе покажеме дека за Македонија може да се придонесува и без да си на власт“, изјави Горан Тасковски за Апла.мк  unnamed

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани