2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Сите патишта денес водат до црквичката Св. Атанасиј во Смолево

Јануари 31, 2021

Илјадници верници денес во чест на христијанскиот празник Свети Атанасиј  ја посетија истоимената црквичка кај месноста викана Смолево. Дел од нив со возила, а дел пеш, преку патот  кој води низ новата населба во битолската Касарна, дојдоа да запалат свеќа за здравје.

143830406 2643544239199612 7146359121306469779 n

 

Локацијата каде некогаша се ноѓаше воен поилигон за гаѓање на ЈНА сега е едно од најпосетените излетнички места во околината на Битола. Група ентузијасти со потекло од битолското село Лавци му го променија ликот на местото откако и АРМ ја напушти касарната. Тогаш беше реновирана црквичката, фасадата, покривот, уредена внатрешноста, поставени клупи и маси во дворот, беше пошумена околината...

144124958 634280704045915 5203762054076888289 n

Лавчани за местото и црквата биле поврзани уште од турско. Се раскажува дека пред многу векови со тоа место владеела некоја анка која имала голем чифлик. Иако била муслиманска, дозволила рајата да подигне манастир за да има место каде ќе се моли. Кога Турците заминувале жителите на село Лавци го купиле местото со заеднички пари. Бидејќи било скапо го собрале и семејниот накит за да го докупат.

144258026 456839252164107 1887652536469021360 n

Денес местото е во сопственост на црквата и општина Битола, но го одржув групата ентузијасти.  Смолево прерасна во едно од најпосетените места за рекреација во Битолско. Тоа е дестинација каде редовно застануваат да одморат планинарите што се искачуваат на врвот Неолица на Баба Планина виок 1440 метри. До црквата извира вода, која посетителите ја пијат верувајќи дека помага при лекување на болести на главата и од уплав кај малите деца. Водата која извира тука се смета дека е од изворите Дванаесет кладенци кај Нолица.

144330117 497152548348216 628259482740075961 n

Смолево има специфилна местоположба, па се случува додека Битола е стегната во магла, таму среде зима да пукне пролетно време.

144494838 437989700735728 2765702454225474367 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани