2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Спроведени дисциплински постапка против 9 лица во битолската болница

Февруари 10, 2021

 

Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат -Подрачна единица - Битола, извршија вонреден инспекциски надзор, откако беше објавено  дека на Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница во Битола на  1 јануари годинава, царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин. По констатираната фактичка состојба,  врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската докуменатција за пациентката, изјави дадени од директорот на установата како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и превземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ги превземе следните мерки:

 - До министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и превземените мерки од ДСЗИ • ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита

- ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапување

-При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот, превземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки, се наведува во соопштението од ДСЗИ. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани