2win800x200

Со силни емоции се рецитираше македонска поезија-Во ООУ „Гоце Делчев“ Битола одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Февруари 22, 2021

 

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола и ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, со литературно читање го одбележаа 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Во настанот беа вклучени ученици од шесто до деветто одделение, кои се претставија со лични творби, како и со избор од современата македонска поезија. Тие ја истакнаа важноста на мајчиниот јазик за секој поединец и ја искажаа својата љубов кон него, преку моќта на пишаниот збор. Учениците беа по менторство на наставничките по македонски јазик и литература, Зора Дамјанова и Емилија Прчкова.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани