2win800x200

Владата утре ќе одлучува- дали ќе се врати полицискиот час во земјава

Март 08, 2021

 

Владата утре ќе се произнесе на предлогот на Комисијата за заразни болести да има полициски час од 22 до 05 часот на територијата на целата земја. Но, се поизвесно е дека повторно ќе има ограничување на движењето на граѓаните навечер. 

Министерот Филипче на денешната средба на Комисијата образложи дека овој предлогот е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Комисијата дополнително ќе се изјасни од кога ќе почне применувањето на полицискиот час, односно откако Владата ќе донесе конечна одлука. Веројатно тоа ќе се случи во текот на оваа недела.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани