Започна реализацијата на проектот за изградба на нови спортски терени во ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола.
Директорката Љубица Стерјева вели дека приоритет е училиштето да добие модерни спортски терени со крајна цел успешно реализирана настава според највисоки стандарди .
-МОДЕРНО УЧИЛИШТЕ СО НАЈДОБРА НАСТАВА Е ПРИОРИТЕТ ВО НАШАТА РАБОТА... Нека е аирлија!, вели Стерјева.
Според Стерјева лани во декември Општина Битола на Бирото за јавни набавки го објави тендерот за целосна реконструкција на спортски терен во ООУ "Тодор Ангелевски" - Битола. Проценета вредност без ДДВ: 4.319.145,80. Нов асфалт, игралиште за тенис, игралиште за одбојка, справи за вежбање, рефлектори и нова ограда... После повеќе децении, следната нека биде најразиграна пролет во училишниот двор на ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола, рече Стерјева.
Во февруари годинава беше склучен договорот за реконструкција на спортски терени откако лани во мај Советот на Општина Битола донесе одлука за издвојување средства од општинскиот буџет со кои ќе се реконструира спортското игралиште во ова училиште.