2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Петровска предупреди: Во некои кафулиња поблизу се поставуваат масите, ја повикувам инспекцијата да делува

Март 18, 2021

Експоненцијално растат бројките на заболени од ковид-19, рече градоначалничката на Битола, додавајќи дека има појави во некои кафулиња да се ставаат поблиску масите, па ја повика инспекцијата да делува.

„Да се почитуваат мерките, од односот на сите нас зависи како ќе се одвива ситуацијата и дали пиковите ќе ги избегнеме. Носењето на маските, држењето на дистанцата, се сепак суштински и навремената поддршка на здравствените институции. На последниот состанок на Кризниот штаб на кој беа сите директори на здравствените институции посочија дека тие се во добра кондиција од аспект на давање на услугите и следење на состојбите. Слободни легла има, а неделава завршуваат и активностите за да може да се отвори модуларната болница да ја имаме како дополнителен капацитет. Но, факт е дека експоненцијално растат бројките и тоа детектиравме дека се случува најмногу, покрај тоа што треба да се почитувааат носењето маски и дистанца, најмногу се должи на собирањето на поголеми групи на места како што се кафулињата, каде факт е дека имаме ситуации на поблиску поставување на масите, ја повикувам инспекцијата да делува согласно насоките, но и граѓаните за време на празниците да ги редуцираат посетите“, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани