АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 466 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 40, во КОВИД центарот во Гостивар 15, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20 во Кичево 10, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Но, бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 806 и има околу 864 празни болнички кревети во КОВИД центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.