2win800x200

Големо БРАВО за хуманите битолчани кои денеска даруваа плазма за болните од Ковид-19

Март 31, 2021

 

На повикот од битолска Трансфузиологија денеска се одзваа поголем број битолчани кои ги направија анализите за дарување на ковалесцентна плазма со една единствена цел да помогнат во лекувањето на тешко болните од Ковид-19 и да спасат живот. Вработени од Трансфузиологија ги повикуваат битолчани кои го прележале вирусот тоа да го направат и наредната среда.   

-Едно големо браво за хуманите битолчани, браво за големиот интерес денес некому да помогнат. Чувството да знаеш дека си спасил нечиј живот е бесценето. Секој што ќе подаде рака - помага во потрагата по ковалесцентна плазма за тешко болните.

Се гледаме наредна среда!, порачуваат вработени од Трансфузиологија. 
Како се влошува здравствената состојба во Битола со Ковид-19 и бројот на хоспитализирани расте, така сѐ повеќе, се бара ковалесцентна плазма за хоспитализираните во Ковид центарите во Битола. Денеска бројот на хоспитализирани порасна на 89 и најголем дел се со тешка клиничка слика. 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани