2win800x200

QR кодови за значајни битолски објекти и реставрација на излозите во старата битолска чаршија

Април 13, 2021

Туристичката понуда во Битола за скоро ќе биде побогата. Со скинирање на QR ководви од неколку значајни објекти во градот кои имаат богато минато, посетителите ќе можат да дознаат повеќе за нивниот историјат.

Од Општината уште не отриваат за кои објекти се работи, но туристите ќе можат да ги скенираат кодовите и податоците да ги добијат на мобилните телефони. Ова е во рамки на проект кој Општината веќе го работи, а во кој се опфатени и други активности за културна и туристичка промоција на Битола.

Покрај ова, градоначалничката Наташа Петровска на својот фејсбук профил денеска објави дека во тек е и реставрација на излози од старата битолска чаршија. Ова е значаен обид во насока на зачувување автентичниот лик на битолската стара чаршија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани