АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело Разбојничка кражба.
Против осомничените поднесен е и предлог за определување мерка притвор.
"Истрагата е поведена поради основано сомнение дека двајцата соизвршители, заедно со уште едно непознато лице кое според првичните информации од истрагата чувало стража, на 14 април, биле затечени при кражба во стан на улицата „Климент Охридски“. Ги затекнале двајца соседи кои се обиделе да ги спречат во намерата и да ја известат полицијата, но осомничените употребилe сила, се нафрлиле врз соседите, ги собориле на скалите при што на едниот сосед му нанеле тешка телесна повреда. Едниот осомничениот потоа употребил и опасно орудие – нож, замавнувајќи кон станарите, по што се дал во бегство и се уште не е достапен на органите на прогонот. Другиот осомничен е лишен од слобода, се наведува во соопштението од ОЈО
Постапувајќи по предлогот на обвинителот, судијата на претходна постапка на Основен суд Битола донесе Решение со кое определи мерка притвор, во траење до 30 дена спрема двајцата осомничени. За осомничениот кој е во бегство мерката притвор ќе започне да се применува од денот на неговото пронаоѓање и лишување од сслобода