2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од понеделник во Регионалниот вакцинален центар вакцинација со втора доза од Фајзер, продолжува имунизацијата и со Синофарм

Мај 14, 2021

Од 1459 закажани, вчера во Регионалниот вакцинален центар во Битола се вакцинирани 1360 граѓани, или 93 проценти од пријавените.

Од Здравствениот дом информираат дека од понеделник ќе почене ревакцинацијата со вакцината Фајзер (втора доза) на граѓаните кои првата доза ја примија во пунктот на ОУ „Даме Груев“ во Битола.

Ревакцинацијата ќе се врши во спортската сала на средното Медицинско училите во Битола, односно на посебни пунктови во битолскиот  Регионалниот вакцинален центар.

Во исто време продолжува масовната имунизација на населението со кинеската вакцина Синофарм.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани