АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола има висок процент на вакцинирани граѓани, а голем е опфатот со вакцини против КОВИД-19 и меѓу здравствениот кадар во Клиничката болница во Битола, рече при денешната посета министерот за здравство Венко Филипче.
-Битолската болница е една институција која може да се пофали со висок опфат на вакцинација на вработените, некаде меѓу 75 и 80 проценти од сите вработени се вакцинирани, што е одлична бројка, значи дека здравствениот персонал е добро заштитен. Процесот на вакцинација како што се спроведуваше на сите пунктови, добро е органзиран и во Битола, каде ќе продолжи и во август. Околу 33 илјади жители во Битола се вакцинирани, од тоа 23 илијади се ревакцинирани, што истот ака е добар процент. И изминатата недела имаме висок интерс за вакцинација, се надевам дека така ќе продолжи, рече Филипче
Следниот месец здравствените власти ќе ги димензионираат мерките за невакцинираните доколку се намали динамиката на вакцинација на населенитето против КОВИД-19. Засега само се разговара за рестрикциите и се следат примерите од другите држави, каде повтроно се зголемува бројот на заразени. Во моментот имаме висока стапка на вакцинација, но ќе нема друго решение освен рестрикции само за оние кои не се вакцинирани, вели министерот Венко Филипче.
-Гледаме и следиме примери другите земји, гледаме дека има примери на приватни компании кои што едноставно сакаат варботените да им се вакцинирани, за да може нормално да функционира работниот процес. А ние ќе го штитиме јавното здравје и евентуално би вовел такви емрки таму каде што има можност за јавни собири, јасни настани, влез на некои јавни места. За конкретните мерки подетално во август, но доколку стагнира процесот на вакцинација, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Се е подготвено за почетокот на учебната година, разработени се сите сценарија во зависност од епидемиолошката сосотојба, посочи Филипче. Не се планира здолжителна вакцинација ниту кај возрасните, ниту кај учениците и студентите, но рестриктивните мерки ќе важат за сите оние кои не се вакцинирани.
-Во однос на вакцинација на децата немаме во план како за нив така и за возрасните, да наметнеме правило и тоа да биде задолжително, ниту за ученици во основни и средни училишта, ниту за факултети. Но, таму каде што има ризик за големи собири,тука размислуваме, без разлика дали станува збор за адолесценти или постари луѓе, изјави министерот Филипче .
Досега вакцинирани се половина милион граѓани, а ревакцинирани 360 илјади. Продолжува слободната вакцинација низ пунктовите во државата, во тек и теренската вакцинација во руралните средини, како и вакцинацијата на децата која се спроведува со закажување термин преку vakcinacija.mk