АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Досега во Региoналниот пункт во Битола аплицирани се над 50 илјади дози вакцини против КОВИД-19 на жителите на Битола и соседните општини, а интересот кај битолчани е константно голем, потврдуваат надлежните.
-Добра е динамиката, држиме добар број и добра заинтересираност во Битола. Оваа недела имавме поголем број на термини, околу 2000 термини во текот на денот, заедно вакцинација и ревакцинација. Ги аплицираме сите вакцини во моментот -Фајзер, Синовак за примовакцинација, Синофарм и Астра Зенека за ревакцинацијаа. Околу 1500 термини дневно имаме за прва вакцинација, а останатите се ревакцинација, изјави . Марија Димовска, регионален координатор на вакцинален пункт Битола.
Се поголем е бројот на млади луѓе кои доаѓаат да примат вакцина против коронавирусот.
-Овие последни денови на закажаните термини, односно денес и утре се вакцинира младата популација од 18 до 30 години, кои што беа пријавени. Има интерес континуирано. Кај младите не е намален интересот, информирани се, сакаат да се вакцинираат, сакаат да патуваат. Делата сојот е се уште нов, мислам дека ќе се зголеми интесресот за вакцинацијата, кој од почетокот е висок во Битола, вели Др. Димовска.
Од понеделник вакцинацијата ќе продолжи без закажување, со слобден влез за секој кој сака да ја прими вакцината против КОВИД-19, а започнува и теренската вакцинација.
-Во понеделник го завршуваме овој круг, затоа што завршуваме со закажаните термини и почнуваме со слободен влез во овој пункт. Имаме и теренска вакцинација, веќе е органзирана. Ќе бидат опфатени сите села, секое населено место ќе биде посетено. Известени се сите општини, тоа ќе се спроведува во следните три недели, вели регионалниот координатор на вакцинацијата во пунктот во Битола..