2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Самохраните родители со ниски примања повеќе нема да плаќаат за градинка

Март 20, 2018

Самохраните родители кои имаат ниски примања повеќе нема да плаќаат за градинка, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Ќе бидат ослободени самохраните родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата.

„Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, министерката Царовска го измени Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца. Ги известуваме детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната докуменетација, наведена  во Правилникот, до јавната установа за деца во која детето е згрижено, за остварување на правото на партиципација“, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Правилникот стапува на сила уште денеска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани